Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Одржување на евиденција и декларирање

Ако се движат пратки на НПЖП или нивните деривати, мора да имате формулар за НПЖП. Во формуларот мора да наведете:

  • Опис на нус производот;
  • Категорија на нус производот;
  • Начин на пакување на нус производот;
  • Име на поседувачот;
  • Адреса на поседувачот;
  • Број на Одобрение од AХВ;
  • Вкупно предаден нус-производ на собирач/транспортер;
  • Место на предавање;
  • Дата на предавање;
  • Име на собирач/транспортер;
  • Адреса на собирач/транспортер ;
  • Број на дозвола;
  • Вкупно примен нус-производ;
  • Име на краен поседувач на нус-производот;
  • Адреса на краен поседувач на нус-производот;
  • Број на Одобрение од АХВ на крајниот поседувач;
  • Вкупно предаден нус-производ на собирач/транспортер;
  • Место на предавање на крајниот поседувач;
  • Дата на предавање на крајниот поседувач.


Треба да ги чувате формуларите најмалку 2 години.

 


 

Водење евиденција за пратките

Мора да водите евиденција за сите пратки на НПЖП или нивните деривати кои влегуваат или излегуваат од Вашиот објект. Можете да го направите ова со користење на Вашиот комерцијален документ или дневник, треба да евидентирате:

  • Датумот кога сте ја испратиле или примиле пратката;
  • Опис на материјалот што го испративте или примате, вклучувајќи ја и нејзината категорија;
  • Тежината, обемот и количината на материјалот;
  • Местото каде што сте го испратиле материјалот или местото од кое дошол.

 


 

Декларирање

Возилата, контејнерите или пакувањата исто така мора да имаат етикета прикачена во која категорија на НПЖП припаѓаат.
На пример можете да ги користите за:

  • материјал од Категорија 1 - "само за нештетно отстранување"
  • материјал од Категоријата 2 - "не за исхрана на животни"
  • материјал од Категоријата 3 - "не за исхрана на луѓето"

 


 

Законодавство:

  • Правилник за формата, содржината и начинот на водење на евиденција што ја водат правни и физички лица кои испраќаат, превезуваат и примаат нус-производи од животинско потекло; [врска]
  • Правилник за начинот на собирање, превезување и идентификување на посебните категории на нус производи од животинско потекло; [врска]
  • Правилник за начинот и постапката за увоз и транзит, начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со нус-производи од животинско потекло, формата и содржината на ветеринарно – здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со нус-производи од животинско потекло, како и листата на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит. [врска]