Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

АХВ со едукативни активности за заштита на здравјето на младите - Размисли пред да консумираш енергетски пијалоци

16.04.2026
Насловна слика

Агенцијата за храна и ветеринарство континуирано спроведува едукативни активности насочени кон подигање на свеста кај младата популација за важноста од правилни прехранбени навики и заштита на здравјето. Државните советници Радмила Ј. Николовска и Светлана Колариќ, заедно со претставници од Секторот за образование во општината Виница вчера пред околу 60 ученици од средното училиште Ванчо Прке спроведоа едукација на тема “Електронска трговија на храна, медиумска промоција и рекламирање на храна, додатоци во исхрана, храна за спортисти и штетните последици од конзумирањето на енергетските пијалоци  – Вистинска приказна или заблуда”. Едукациите во училиштата се спроведуваат согласно Програмата за заштита на потрошувачи донесена од страна на Владата на Република Македонија,  а одобрена од Министерство за образование.  

Слика

Во рамки на овие активности, стручните лица од Агенцијата ги запознаваат учениците со штетните последици од прекумерното консумирање на енергетски пијалоци и чаеви за слабеење. Преку интерактивен пристап и конкретни примери, младите добиваат релевантни информации за влијанието на овие производи врз нивниот организам.

Слика

“Последиците  од користење на енергетските пијалоци може да се јават и подоцна во животот на младиот човек и да предизвикаат проблем со кардиоваскуларниот систем. Поблаги  транзиторни здравствени последици кои настануваат по прекумерно конзумирање се вознемиреност (анксиозност), главоболка, несоница и тие можат да преминат во хронични состојби. Но исто така можат да настанат и посериозни здравствени последици како неправилен срцев ритам, срцев удар, оштетување на бубрезите и др” – потенцира државниот советник Николовска.

Слика

Посебен акцент се става на ризиците од високото ниво на кофеин, шеќери и други стимуланси во енергетските пијалоци, како и на несоодветната и неконтролирана употреба на чаеви за слабеење, кои можат да предизвикаат сериозни здравствени последици.

Слика

“Целта на овие едукативни презентации е да се поттикне развој на критичко размислување кај учениците, да се укаже на последиците од неконтролирана употреба на вакви производи и да се охрабрат младите да носат информирани и одговорни одлуки за сопственото здравје” – рече државниот советник Колариќ.

Агенцијата ќе продолжи со ваквите активности и во иднина, во соработка со образовните институции, со цел создавање на поздрава и поинформирана млада популација.

Ознаки
Категорија