Покрај условите утврдени во член 4 од Законот за заштита и благосостојба на животните, за животни кои се чуваат во зоолошки градини се применуваат и следните услови:
- сместувањето на животните во живеалишта треба да биде во согласност со нивната природна средина и однесување;
- на животните треба да им се обезбеди можноста да се размножуваат;
- благосостојбата и здравствената состојба на животните во зоолошките градини треба да биде следена од страна на квалификувано лице со цел да се спречи болка или страдање кое може да се избегне, истоштеност, стрес или трајна повреда;
- на животните треба да им се обезбеди ветеринарно здравствена заштита;
- одговорните лица за грижа на животните треба да се соодветно обучени во однос на начинот на чување и постапување со животните во зоолошки градини.