Приближно 40.000 евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрече инспекциската служба на Агенција за храна и ветеринарство на оператори со храна, во рамки на спроведените вонредни надзори во маркети и хипермаркети на целата територија на државава.
Во акцијата која се спроведе од 13 до 16 јануари годинава, контролирани беа 188 оператори со храна од оваа категорија.
Кај 10 оператори, со контролите утврдени се полесни повреди од областа на безбедноста на храната неселектираност на разладни уреди, нејасни и нечитки декларации на производите и слично, за што се изречени мерки опомена, а во 2 маркета констатирано е дека вработените лица немаат санитарни книшки.
Кај шест од контролираните меркети утврдено е дека немаат имплементирано процедури за примена на правилата на Добра призводствена и Добра хигиенска пракса, а кај 14 маркети затекната беше храна со изминат рок на траење.
Како небезбедени во рамки на оваа акција на Агенцијата, од операторите одземени и нештетно уништени се над 253 килограми храна, месо и преработки од месо, млечни, кондиторски и други видови производи.