Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

АХВ е стручна и професионална институција

22.06.2025
Агенција за храна и ветеринарство

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро го осудува обидот на в.д градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски, за оцрнување на стручноста и професионалноста на АХВ и нејзините вработени инспектори, преку социјалните мрежи глумејќи инспектор во угостителски објекти, за кои тврди дека се дивоградби.

Професионално, АХВ не навлегува во ингеренциите на други иституиции, но, за наводите на в.д градоначалникот во однос на работењето на АХВ, само  го информираме дека Агенцијата не издава никакви HACCP дозволи како што тврди тој во јавноста, туку ја контролира работата на оператрите со храна, само и исклучиво од аспект на исполнетост на општите и посебните услови за безбедност согласно законските и подзаконските акти кои ја уредуваат оваа материја, регистрирајќи ги како оператори со храна во регистарот на институцијата. 

Токму според овие прописи, в.д гардоначалникот не е овластено лице и не смее да врши контрола кај операторите со храна која се подготвува во угостителските објекти кои тој “ги контролира” и која може да ја контаминира, влегувајќи во кујните без заштитна облека и поседување на санитарна книшка за потврдување на неговиот личен здравствен статус.


Во ниту едни прописи, ниту во националните, ниту во европските, не е дефинирано  дали и какви фуги треба да има на плочките во кујните, а вработените лица во двете засебни кујни може да користат посебен санитарен јазол, што, како што беше јасно од видеото дека од угостителот е обезбедено, како засебно од она наменето за гостите. 

Агенцијата за храна и ветеринарство е стручна институција, а вработените професионално ја вршат својата работа. Инспекциските контроли се спроведуваат согласно Годишниот план за инспекциски надзори и по поднесени претставки и иницијативи за вонредни инспекциски надзори. 
 

Ознаки
Категорија