Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

АХВ го одбележа 7 Јуни - Светски ден на безбедна храна

07.06.2025
АХВ го одбележа 7 Јуни - Светски ден на безбедна храна

Aгенцијата за храна и ветеринарство и оваа година се приклучи и ја поддржува глобалната иницијатива  и го одбележа 7 јуни, Светски ден на безбедна храна.  Со едукативен и спортско рекреативен настан наменет за граѓаните и децата, денес, во паркот Авионче во скопската населба Ново Лисиче  на присутните им беа поделени едукативни флаери за  безбедноста на храната, а за најмалите се одржаа спортско-рекреативни игри преку кои се афирмираше безбедноста на храната и нејзиното значење. 

На 10 јуни, во вторник, со поддршка и во соработка со Европската агенција за безбедност на храната – ЕФСА, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе одржи настан за подигнување на јавната свест за безбедноста на храната на која ќе учествуваат реномирани претстставници од  EFSA, од научните и други институции поврзани со прашпања кои се однесуваат на  производството на храна и нејзината безбедност. 

 

1

 

Годинашното мото на Светскиот ден на безбедна храна  - 7 јуни е ,,Науката во акција,, и тоа денес не потсетува на важноста на науката како основна алка од синџирот на безбедна храна. Едноставно, тоа е дел без кој не се може и кој ги создава основите за креирање на политиките за безбедност на храната од страна на  институциите, како што е и Агенцијата за храна и ветеринарство. 

Преку едукативниот спортско рекреативен настан кој се одржа денес и настанот кој во соработка со  EFSA  ќе се одржи во вторник, АХВ и годинава активно работи на подигнување на  свеста на граѓаните за важноста на безбедноста на храната и за превенирање и управување со ризиците со цел унапредување на нивното здравје.

 

2

 

 

3

 

 

4

 

 

5

 

6

 

 

7


 

8
Ознаки
Категорија