Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Македонија стана дел од интегрираниот глобален систем за управување со податоци за здравјето на животните

13.05.2025
Агенција за храна и ветеринарство

Преку Aгенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Македонија, од вчера и официјално стана дел од единствената глобална платформа за управување со податоци за здравјето на животните. Таа ги интегрира информативните системи за нотификација на болестите кај животните на Европската комисија (ADIS) како центар за управување со податоците за здравјето на животните во Европската унија (ЕУ) и  Светскиот информативен систем за здравје на животните (WAHIS) на Светската организација за здравје на животните (WOAH), основана како OIE.

Интероперабилноста помеѓу овие два система овозможува минимизирање на времето на застој и несовпаѓања на податоците кои досега постоеја во рамки на засебните системи, а подобрено е и управувањето со податоците за здравјето на животните на глобално ниво. Меѓусебното поврзување на овие системи е и во насока на подобрување на квалитетот и конзистентноста на податоците, нивната точност и ажурираност, подобрувајќи го севкупниот квалитет на податоците за здравјето на животните, што е особено важно во случај на проценки на ризик за кои се потребни сигурни извори на податоци. 

Рационализирано известување од земјите преку единствениот систем, овозможува ефикасен, еднократен внес на податоци намалувајќи го административниот товар и обезбедувајќи конзистентност на податоците и споделување на  информации кои ги исполнуваат барањата и на законодавството на ЕУ и на меѓународните стандарди на WOAH. Новата дигитална алатка е и во функција на подобрено одлучување, односно преку пристап сеопфатни и актуелни податоци за здравјето на животните, носителите на одлуки можат да направат подобро информирани избори во врска со мерките за надзор и контрола на болестите. 

Работејќи заедно, ADIS и WAHIS платформите гарантираат значителен напредок во управувањето со податоците за здравјето на животните и обезбедуваат значителни придобивки не само за земјите - членки на ЕУ, туку и за глобално засегнати страни.

Ознаки
Категорија