Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Во Велешко почна симулациската вежба за справување со болеста африканска чума кај свињите

11.03.2025
Во Велешко почна симулациската вежба за справување со болеста африканска чума кај свињите

Каква е подготвеноста и ефективноста на системот за справување со болеста африканска чума кај свињите при евентуална нејзина појава, но и кои  мерки треба да се преземат за негово подобрување, се дел од прашањата на кои во рамки на симулациската вежба за болеста африканска чума кај свињите, денес и утре во Велес и во Башино село, одговори ќе бараат експерти од Европската унија и од Македонија, претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и од други институции и  невладини здруженија и федерации.

- Согласно Одлуката  за планови за итни мерки кај животните, а во врска со Законот за ветеринарно здравство, како раководител на Националниот центар  за контрола на болеста,  за исклучително важна за нас како држава и институција  ја оценувам можноста за соработка на меѓународните и домашните експерти за справување со болеста африканска чума кај свињите, болест со која и ние како држава и институција бевме исправени пред предизвикот да се справуваме. Од голема важност е и  можноста за спроведување на обука за справување со оваа болест, во рамки на оваа симулациска вежба, која се одржува во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и во соработка со Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации  - (FAO). Токму овие два дена  ќе бидат основа за тоа како треба да се дефинираат и реализираат идните постапувања при евентуална итна кризна или вонредна состојба при појава на болеста, која го загрозува здравјето или благосостојбата на животните и претставува закана  не само за питомата, туку и за дивата популација свињи, за што бевме сведоци во минатото

    – рече на денешното отворање на симулациската вежба во Велес директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Оливер Миланов. 

 

1

 

Целта на вежбата, истакна тој, е да се  спроведат мерките и процедурите во случај на појава на сомнеж, или потврда на  болеста, активности кои треба да ги реализираат, одгледувачите, институциите и операторите, а кои ќе значат тестирање на функционирањето и поставеноста на Националниот центар и на локалните центри за  контрола на болести.

- Активностите кои ќе се спроведат во рамки на симулациската вежба се однесуваат и на собирање на податоци и нивна анализа и следствено на тоа, донесување на правни акти со цел регулирање на постапките од страна на официјалните ветеринари за понатамошно функционирање

      – рече Миланов. 

На вежбата, презентирана ќе биде моменталната состојба со болеста  африканска чума кај свињите во Европа и во нашата земја,  а освежени ќе бидат и знаењата во однос на начинот на земање на примероци и дијагностицирање на болеста, пакување на мострите, нивно обележување и транспорт, спроведување на епидемиолошка истрага, воспоставување на инфективни зони, благосостојба за време на убивање и други теми од областа. Теренскиот дел од вежбата ќе се спроведе во кланица, каде ќе бидат демонстрирани постапките за омамување и земање примероци.
Симулациската вежба која овие два дена се одржува во Велешко, ќе биде основа за развој на стратегија за контрола домашната  и дивата популација свињи, како и за креирање на новиот концепт на Национален план за итни мерки  и  оперативен прирачник за болеста африканска чума кај свињите. 

 

Ознаки
Категорија