Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Диета и терапија кај Helicobacter Pylori предизвикан пептички улкус

Пептичен улкус е нарушување на мукозниот интегритет на желудникот и/или дуоденумот што доведува до локален дефект или екскавација поради активно воспаление. Повеќе од 90% од пациентите со епигастричната горечка болка што се влошува при гладување и се подобрува со земањето на оброците и диспепсија немаат улкуси, додека поголемиот дел од пациентите со пептични улкуси можат да бидат асимптоматски. Улкусна болест е состојба при којашто се развиваат отворени рани во слузокожата на гастроинтестиналниот тракт. Тие можат да настанат во горната порција на тенките црева (дуоденален улкус - ДУ), желудникот (гастричен улкус - ГУ) и во езофагусот (езофагеален улкус) и истите се хронични по својата природа

Наспроти долговажечките тврдења, стресот не предизвикува улкус. Водечка причина за улкусна болест е бактеријата Helicobacter pylori. Оваа бактерија ја оштетува заштитната мукозна бариера на одредени анатомски локации по должината на гастроинтестиналниот тракт, правејќи ги тие места подложни на повреда и воспаление од киселата желудечна течност. Други причини вклучуваат пушење и хронична примена на нестероидни антиинфламаторни лекови (NSAID), како аспирин и ибупрофен.

Гастрична инфекција со бактеријата H. pylori има најголем  придонес  во настанокот на PUD. Овој организам игра улога и во развојот на извесни тумори со потекло од лимфоидното ткиво поврзано со слузокожата (МАЛТ) коешто е присутно и во желудникот, во карцином - секвенцата за настанок на гастричен аденокарцином.

Преваленцата на H. pylori варира низ целиот свет и во голема мера зависи од севкупниот стандард на живеење во регионот. Во делови од светот во развој, 80% од населението може да биде заразено до 20-годишна возраст, додека преваленцата е 20-50% во индустријализираните земји. Два предиспонирачки фактори поврзани со повисоки стапки на колонизација вклучуваат лош социо-економски статус и понизок степен на образование. Овие фактори, а не расата, се одговорни за стапката на инфекција со H. pylori кај црнците и шпанските-американци што е двојно повеќе од стапката забележана кај белците со истата возраст. Друг ризик фактори за инфекција со H. pylori се:

(1) раѓање, престој во земја во развој,

(2) повеќечлено домаќинство-пренатрупаност,

(3) нехигиенско живеење, 

(4) нечиста храна (недоволно миено, контаминирано овошје, зеленчук со патогенот, контаминирана  вода),

(5) изложеност на желудечна содржина од заразено лице – повратени маси. Преносот на H. pylori се јавува од човек на човек, преку орално-орален или фекално-орален пат.

Во овој краток текст од научно-информативен карактер се наведени и клиничката слика и моменталните дијагностички методи што се користат за утврдување на H.Pylori инфекција и поврзан пептички улкус.

Од диететско – хигиенскиот режим се препорачуваат промени во животниот стил и диететски промени за лицата со улкус како дополнение на лековите се додека не настане комплетно заздравување (санација). Во минатото пациентите биле советувани да практикуваат мека диета (bland diet), односно диета без зачини и со неутрален киселинско – базен индекс,  моменталните истражувања не подржуваат дека оваа диететска модификација е корисна. Иако зачинетата храна е иритантна за некои луѓе со улкуси, медицинските професионалци сега посветуваат поголемо внимание на диета со голема застапеност на диететски влакна од зеленчук и овошје.

Истражувањата покажуваат дека диета богата со растителни влакна го намалува ризикот од развивање на улкусна болест. Постои силна поврзаност помеѓу диети богати со солубилни растителни влакна и намален ризик од развивање на улкуси. Храна богата со солубилни растителни влакна вклучува овес, лушпа од псилиум, легуминози, ленено семе, ‘рж, јаткасто овошје, одреден вид на зеленчук и овошје, како портокали, јаболки и моркови. Кафеинираните и декафеинираните видови на кафе можат да го зголемат/стимулираат производството на киселина и да ги влошат симптомите кај лицата со улкусна болест. Алкохолните пијалоци можат да ја еродираат заштитната лигавица на гастроинтестиналниот тракт и да доведат до понатамошно воспаление и крварење.

Повеќе лекови се евалуирани во терапијата на H. pylori. Ниту еден агенс не е ефикасен во ерадикација на организмот. Комбинираната терапија за 14 дена дава најголема ефикасност, иако режими засновани на секвенцијална администрација на антибиотици исто се ветувачки. Пократок курс на администрација на лекови (7–10 дена), не се покажала толку успешна како 14-дневните режими. Лекови што се користат со најголема фреквенција вклучуваат амоксицилин, метронидазол, тетрациклин, кларитромицин и бизмутни соединенија. 

Предложените режими на третман за H. pylori се наведени во табелата подолу:

Tабела за фармакотерапија на H.Pylori

 

Овој документ во целост е креиран во јануари 2025-та година од страна на Д-р Виктор АРСОВ, дипломиран доктор по медицина, специјалист интернист, експерт за здравствена проценка на ризик поврзана со опасности во храната, нутриција, диететски производи и алергии, помлад соработник за логистика за информации за здравствена проценка на ризик поврзани со опасности во храната, со над 18 годишно работно и професионално искуство во Секторот за проценка и комуникација на ризик (СПКР).

 

Подолу е линкот за преземање на PDF докуметот: