Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Уништени 110 килограми небезбедна храна од болнички кујни

02.02.2025
Агенција за храна и ветеринарство

Сто и десет килограми небезбедна храна, минатата недела уништија инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во кујни во болничките установи во земјава, во рамки на спроведените 43 вонредни инспекциски надзори.

Цел на вонредните контроли беше проверка дали кујните се регистрирани како оператори со храна, дали ги исполнуваат општите и посебните барања за хигиена, барањата за безбедност кои се однесуваат на вработените лица во кујните, примената на правилата за Добра хигиенска пракса и Добра производствена пракса и НАССР процедурите, следливоста, потеклото на суровини, манипулацијата со храна и исполнувањето на микробиолошките критериуми на храната.

Со контролите утврдено е дека 5 кујни ја немале исполнето законската обврска за регистрација како оператори со храна во АХВ, 4 не ги задоволувале техничките барања за безбедност, односно утврдени се оштетувања на просториите каде се подготвува храна. 8 од кујните не ги задоволувале барањата за Добра хигиенска и Добра производствена пракса како барања за безбедност на храната. 

За утврдените недоследности – нехигиена, наталожени маснотии во кујната, неводење на записи, несоодветно одржување на опремата, оштетени ѕидни и подни површини, немање сопствен план за анализа на храна, незавршен курс по хигиена на храна од страна на вработените лица, односно непоседување на сертификати за оваа законска обврска, утврдени нерегистрирани оператори со храна и друго, донесени се 15 решенија со наредби за отстранување на констатираните недоследности и изречени се 5 парични казни.
 

Ознаки
Категорија