Оваа анализа се однесува за периодот 2017 и 2018 година, за лабораториски резултати за здравствена безбедност на водата за пиење во однос на микробиолошки, хемиски контааминенти и физичка неисправност во Р.Северна Македонија во согласност со насоките на претпоставените и расположливоста на резултатите од базата во анализираниот период.
Карактеристики на одделни микробиолошки контаминенти, хемиски контаминенти и неправилности во физичките параметри во водата за пиење:
Микробиолошки контаминенти:
- Pseudomonas aeruginosa
- Escherichia coli
- Колиформни бактерии
- Enterococcus
- Зголемен вкупен број на бактерии, аеробни на температура од 22 и 36 Celsius
- Ентеропатогени бактерии
Хемиски контаминенти и неправилности во физичките параметри во водата за пиење:
- Матноста на водата (турбидитет)
- Електрична спроводливост
- Зголемена содржина на калиум перманганат
- Mала вредност или отсуство на резидуален хлор
- Зголемена содржина на арсен
- Зголемена содржина на манган
- Зголемена содржина на нитрати
- Зголемена содржина на олово
Фигура 1. Со столпчест/бар дијаграм прикажани се бројките на позитивни мостри на вода за пиење во однос на поединечни микробиолошки контаминенти за 2017 година (на апцисата се бројките на позитивни мостри):
Фигура 2. Со столпчест/бар дијаграм прикажани се бројките на позитивни мостри на вода за пиење во однос на поединечни хемиски контаминенти и одредени неисправности на физички параметри за 2017 година:
Фигура 3. Со следниов столпчест/бар дијаграм прикажани се бројките на позитивни мостри на вода за пиење во однос на поединечни микробиолошки контаминенти за 2018 година:
Фигура 4. Со следниов столпчест/бар дијаграм прикажани се бројките на позитивни мостри на вода за пиење во однос на поединечни хемиски контаминенти и одредени неисправности на одредени физички параметри за 2018 година:
Овој документ во целост е креиран во 2018-та година од страна на Д-р Виктор АРСОВ, дипломиран доктор по медицина, специјалист интернист, експерт за здравствена проценка на ризик поврзана со опасности во храната, нутриција, диететски производи и алергии, помлад соработник за логистика за информации за здравствена проценка на ризик поврзани со опасности во храната, сега со над 18 годишно работно и професионално искуство во Секторот за проценка и комуникација на ризик (СПКР) - Одделение за комуникација на ризик и RASFF.