Во овој документ на темa " Проценка на ризик oд афлатоксините со карактеризација на опасностa и статистика за проценка на изложеност “ наменет и прикажан на телеконференција за микотоксини како дел од завршена ИПА Проектна активност, (IPA Project Activity: ADC-FSS,Component 4) - за институционално зајакнување на проценката на ризик прави преглед на потпрограмата бр.6 од Националната годишна мониторинг програма на Агенција за храна и ветеринарство, Скопје, Северна Македонија за 2022 година со статистика на планирани и реализирани земени мостри храна анализирани за различни микробиолошки, хемиски контаминенти, остатоци од пестициди, тешки метали, нитрати и микотоксини, вкупен број на контролирани пратки храна, количина на контролирана храна, број на примероци од лабораториски тестирана храна, враќање/одбивање на храна/лотови од гранични терминали.
Исто така во овој извештај вклучена е основната статистика на храна од неживотинско потекло - увезени лотови на граничните инспекциски пунктови по категорија храна, преглед на увезени пратки на млеко и млечни производи за 2022 година што е релевантна информација за тековната проценка на ризикот од афлатоксини во млеко, млечни производи, јаткасти плодови, производи од јаткасто овошје и семиња. Оваа информација е добиена од Годишниот извештај на АХВ за 2022 година, документ кој е достапен за преземање од официјална веб-страница: www.fva.gov.mk.
Во документот има и табели во Excel како и хистограми што се однесуваат на „Поединечни хемиски контаминети во прехранбените производи за 2020-2022 година (јануари-декември), добиени од Националната база на податоци за микробиолошки и хемиски контаминенти во храната (Одделение за проценка на ризик и комуникација со ризик, АХВ)“ и Порталот на RASFF
Вкупно пријавените известувања/нотификации во прехранбени производи за афлатоксини во временскиот период од 01.01.2020 до 15 март 2023 година се анализирани и прикажани како Преглед на RASFF Портал известувањата направени по критериуми за пребарување – афлатоксини во различни прехранбени производи/категорија и земја на потекло/увоз на прехранбени производи од интерес за проценката на ризик.
Пребарување од литературата како референци поврзани со карактеризација на опасноста (карциногеност и други неповолни штетни ефекти по здравјето на луѓето) предизвикани од страна на афлатоксините се наведени во документот, со направените проценки на диететската изложеност од досегашните 27 национални истражувањата спроведени од други држави добиени од научната литература Податоците се добиени од документ на JECFA/WHO/FAO – Безбедносна евалуација на одредени загадувачи во храната, 83-то издание прикажани табеларно во однос на следните променливи: загадувачи/контаминети (афлатоксини – вкупен AF и посебни хемиски фракции/соединенија - AFB1, AFB2, AFG1, AFG2, AFM1), прехранбен производ, земја на потекло на прехранбениот производ, категорија на храна, податоци за концентрација-јавување, податоци за потрошувачка, групи на население, проценетата просечна изложеност преку исхраната со сценарио за високи потрошувачи изразени во метричка единица - ng/mg телесна тежина на ден, главните придонесувачи од прехранбените производи кај луѓето во вкупната диететска изложеност, научните референци и вметнати секвенци на скриншотови од табели за различни анализирани афлатоксини во различни прехранбени артикли означени како афлатоксин X (X=B1,B2,M1,M2,G1), нивоата во јаткасти плодови/млеко/млечни производи преземени од FAO Scooping Review of Open Access, земја на потекло/регион, применет аналитички метод за детекција и квантификација, број на вкупно анализирани мостри со процент на анализирани мостри над LOD/LOQ, LOD, LOQ, параметарска статистика – средна вредност/просек (пресметана за позитивни и за сите земени примероци на храна), медијана, максимум и референци, како и збирна/агрегирана табела за податоци во однос на појавата на афлатоксини во јаткасти плодови, млечни производи, житарки и друга храна од GEMS базата на податоци за загадувачи/контаминенти во храна за временската рамка 2007 - средината на 2016 година со вклучена статистика за хронична диететска изложеност на 90-та перцентила (P90 -сценарио за високи потрошувачи). Ѕвездичките и сините стрелки целно ги посочуваат податоците/студиите од интерес за проценката на ризик, како производи од јаткасти плодови и јаткасти плодови, млеко и млечни производи, експозициона статистика, земја на потекло, истражувања, од научни студии спроведени во Србија, Турција, Босна и Херцеговина.
Дополнително во документот се внесени скриншотови од презентација на BfR експерт за хемиска проценка на ризик од Берлин, Германија за време проектна студиска посета во октомври 2023 година за проценка на ризик од микотоксини, поконретно за ергот алкалоиди во 'рж и производи од 'рж со 3 сценарија на изложеност (долна граница, изменета долна граница и горна граница) и статистика на проценти од исцрпување на акутна референтна доза (ARfD), со процент/пропорционално надминување на ARfD кај деца на возраст од 0,5 < 6 години со резиме на проценка на изложеноста (средна вредност, AV, P50, P95) и карактеризација на ризик.
Последниот дел ја вклучува сеопфатната база на податоци за потрошувачка на EFSA од Excel табели - за податоци за хронична потрошувачка во грамови на ден за потрошувачи со релевантни истражувања за исхраната спроведени во Република Северна Македонија и Србија. Поконкретно станува збор за податоци од Националната диетска студија/истражување за детската популација во Република Северна Македонија од 2018 година со популациони групи – мали деца и други деца, хиерархиско ниво на диететска изложеност од L1-L3 за јаткасти плодови, маслодајни семиња, млеко и млечни производи (L1), број на потрошувачи, % на потрошувачи, средна вредност, стандардна девијација (SD), статистика за хронична изложеност за афлатоксини на 5-та, 10-та, 50-та, 95-та и 97,5-та перцентила. Прикажани се и податоци од студија направена во Србија за деца, возрасни и вегетаријанци за 2017, 2018 и 2019 година, што може да се користат во националната приоритетна проценка на ризикот како прокси - податоци за проценка на изложеноста и ги содржи истите групи на податоци/променливи поврзани со хемиски загадувач, храна/категорија, групи на население, хиерархија на ниво на изложеност и исти параметарски статистички податоци за хронична диетeтска експозиција.
Овој документ во континуирана консултација и размена на научни информации со проектните експерти од Италија и Германија, во целост е креиран во декември 2023-та година од страна на Д-р Виктор АРСОВ, дипломиран доктор по медицина, специјалист интернист, експерт за здравствена проценка на ризик поврзана со опасности во храната, нутриција, диететски производи и алергии, помлад соработник за логистика за информации за здравствена проценка на ризик поврзани со опасности во храната, со над 18 годишно работно и професионално искуство во Секторот за проценка и комуникација на ризик (СПКР).
Подолу е линкот од овој документ во оригинал, на англиски јазик: