Диета по крвни групи е начин на исхрана кој се потпира на крвната група на поединецот (А, Б, АБ или О) . Секоја крвна група развива специфични антитела против одредени видови храна. Специфични протеини, лектини се наоѓаат во сите видови храна. За време на варењето, лектините се ослободуваат од храната и кога ќе навлезат во циркулацијата можат да се врзат за површината на специфичните крвно-групни протеини на еритроцитната мембрана и да предизвикаат аглутинација. Аглутинацијата може да предизвика стомачни болки, диспепсија (нарушено варење), главоболки, дијареа, црнодробно оштетување. Диетата по крвни групи вклучува листи на храна која е корисна за секоја крвна група.
Во рамките на секоја од шеснаесетте групи на храна, се опишува храна која поттикнува зголемување на телесната тежина, храна која поттикнува губење на тежината, корисна храна, неутрална храна и храна што треба да се избегнува. Пилешкото се смета за неутрално за лица со крвна група О и крвна група А и треба да се избегнува за поединци со крвна група Б и АБ. Нема пченични производи кои се корисни за луѓето со крвна група О. Слично на тоа, тој ги советува лицата со крвна група Б да избегнуваат пченица. Од друга страна, пченицата е многу корисна за луѓе со крвна група А и неутрална за оние со крвна група АБ. Подробностите се наведени таксативно за секоја крвна група во подолу дадениот текст од информативно-научен карактер.
Овој краток документ од научно-информативен карактер што се занимава со диетaта по крвни групи е стручно преведен, адаптиран од страна на Д-р Виктор АРСОВ, дипломиран доктор по медицина, специјалист интернист, експерт за здравствена проценка на ризик поврзана со опасности во храната, нутриција, диететски производи и алергии, помлад соработник за логистика за информации за здравствена проценка на ризик поврзани со опасности во храната, со 18 годишно работно и професионално искуство во Секторот за проценка и комуникација на ризик (СПКР).