Артритис е општ медицински термин за да се карактеризира воспаление на зглоб или нарушување со такво воспаление. Постојат голем број различни артритиси. Ревматоидниот артритис (РА) е хронично воспалително заболување со непозната етиологија и се карактеризира со симетричен полиартритис и е најчеста форма на хроничен воспалителен артритис. Остеоартритисот (ОА) е дегенеративно заболување и е најчестиот тип на артритис.
Главната препорака за исхрана одобрена од лекари за пациентите со ОА e намалување на прекумерната телесна тежина и одржување на телесната тежина во рамките на нормален BMI (Body Mass Index). Образложението е во тоа што ОА првенствено ги засега и оштетува носечките зглобовите на телото, па дури и неколку килограми вишок тежината може да го зголеми притисокот врз оштетените зглобови кога лицето го движи или користи зглобот.
Додатоци во исхраната вообичаено се препорачува за забавување на стапката на 'рскавичната дегенерација. Овие додатоци содржат:
А) хондроитин сулфат
Б) глукозамин сулфат
В) ботанички препарати, како екстракти од јука, ѓаволска канџа, бобинки од глог, боровинки и цреши, ѓумбир
Г) витаминска терапија
Д) несапонифицирани производи од соја од авокадо (АСУ).
Од алтернативната медицина се препорачува ајурведа и традиционалната кинеска медицина.
Пациентите со РА имаат дефинитивна корист од намалувањето во консумацијата на месо или целосно префрлување на вегетаријанска или веганска исхрана, како и Медитеранска диета. Друго прилагодување на исхраната што се чини дека им одговара на некои луѓе со РА е префрлањето од масла за готвење кои се богати со омега-6 масни киселини (кои го зголемуваат воспалението) на масла кои се богати со омега-3 масни киселини (кои го намалуваат воспалението). Оваа втора група вклучува маслиново масло, масло од канола и масло од ленено семе.
Додатоци за исхрана препорачани за пациенти со РА се :
А) маслата од ладноводните риби богати со PUFA
Б) растителни масла кои се богати со гама-линолеинска киселина (GLA)
В) зелен чај.
Ајурведската медицина препорачува ѓумбир, куркума, босвелија и ашваганда за ублажување на болката и треската поврзани со РА. Традиционалната кинеска медицина (TCM) препорачува растенија како зајачко уво (Bupleurum falcatum) и гром на божјата лоза (Tripterygium wilfordii) за намалување на треската и болки во зглобовите кај пациенти со РА.
Овој краток документ од научно-информативен карактер што се занимава со диететскиот пристап кај остеоартритис и ревматоиден артритис е научно изработен, стручно преведен, адаптиран од страна на Д-р Виктор АРСОВ, дипломиран доктор по медицина, специјалист интернист, експерт за здравствена проценка на ризик поврзана со опасности во храната, нутриција, диететски производи и алергии, помлад соработник за логистика за информации за здравствена проценка на ризик поврзани со опасности во храната, со 18 годишно работно и професионално искуство во Секторот за проценка и комуникација на ризик (СПКР)