Диетата Аткинс се заснова на ограничувања на внесот на јаглехидрати и се фокусира на внесување претежно на протеини и масти, заедно со употреба на витамински и минерални додатоци на исхраната. Во текот на целата диета, д-р Аткинс препорачува пиење најмалку 8 чаши по 250 mL вода секој ден за да се избегне дехидрација и запек, како и хранливи материи преку мулти-витамински додаток. Се советува и интензивна физичка активност/вежбање за да се забрза губењето на тежината. Аткинс диетата се состои од четири различни фази кои учесниците треба да поминат за да постигнат и одржуваат губење на тежината.
Во овој краток документ од научно-информативен карактер внимание е посветено на Аткинсовата диета и истиот е научно изработен, стручно преведен, адаптиран од страна на Д-р Виктор АРСОВ, дипломиран доктор по медицина, специјалист интернист, експерт за здравствена проценка на ризик поврзана со опасности во храната, нутриција, диететски производи и алергии, помлад соработник за логистика за информации за здравствена проценка на ризик поврзани со опасности во храната, со 18 годишно работно и професионално искуство во Секторот за проценка и комуникација на ризик (СПКР).