Воспалението е локализирана реакција на ткивото на повреда, без разлика дали е предизвикана од бактерии или вирусна инфекција, траума, хемикалии, топлина или друга појава која предизвикува иритација. Постојат диети за коишто се верува дека придонесуваат за намалување на воспалението и храна која ги влошува воспалителните процеси.
Многу антиинфламаторни диети се базираат на цели зрна, мешунки, јаткасти плодови, семки, свеж зеленчук и овошје, риба и морски плодови, посно мисиркино и пилешко месо за кои се смета дека помагаат во заздравувањето(резолуција) на воспалението. За храна за која се мисли дека предизвикува воспаление се смета рафинирани зрна, пченица, пченка, полномасни млечни производи, црвено месо, кофеин, алкохол, грашок ореви, шеќер, заситени и транс-заситени масти. Хроничното воспаление се смета за претходник и/или aгонист на многу хронични заболувања.
Во овој информативен краток документ внимание е посветено на диети поврзани со воспаление и истиот е научно изработен, стручно преведен, адаптиран од страна на Д-р Виктор АРСОВ, дипломиран доктор по медицина, специјалист интернист, експерт за здравствена проценка на ризик поврзана со опасности во храната, нутриција, диететски производи и алергии, помлад соработник за логистика за информации за здравствена проценка на ризик поврзани со опасности во храната, со 18 годишно работно и професионално искуство во Секторот за проценка и комуникација на ризик (СПКР).