Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Забранета за пиење водата од струмичкиот водовод

29.09.2024
Агенција за храна и ветеринарство

Врз основа на добиено известување од струмичкото јавно претпријатие ,,Комуналец" и од Центарот  за јавно здравје – Струмица, дека по извршените лабораториски тестирања утврдено е дека водата во струмичкиот водоснабдителен систем не е безбедна за употреба поради утврдено зголемено присуство на манган и колиформни бактерии, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство ( АХВ) донесе решение со кое ја забрани за употреба водата од овој водоснабдителен систем.

На  јавното претпријатие, наложено му е да го информира месното население да не ја користи за пиење водата од градскиот водовод, односно, да обезбеди питка вода за граѓаните, се до обезбедување на безбедна вода во градскиот водоснабдителен систем.
 

Ознаки
Категорија