Овој документ е сублимат на интерактивните онлајн предавања одржани во 2022 година на 4-тиот BvL/MRI Интернационален курс за побезбедна храна, автентичност на храната и управувањето на ризик. Опфатени се следните тематски единици: Структурата на Max-Rubner Институтот, процедурите за авторизација на ГМО и храна добиена со иновирани технологии во Германија и ЕУ, правната и институционалната основа за безбедноста на храната во Германија и Европа, 7-те основни принципи за безбедноста на храната, Германскиот Федерален контролен план базиран на ризик за официјалните контроли, мониторингот на зоонотични агенси низ целиот синџир на исхрана, менаџмент на контроли за измами со храна, Германскиот Национален Референтен Центар за автентичност на храната, Европски референтен центар, OPSON операциите (I - X), Европски систем за предупредување за безбедност на храната и информациски систем (iRASFF,RASFF), Систем за набљудување и предупредување за превенција на криза со храна, задачите на EURL,BvL (Федерална канцеларија за заштита на потрошувачите и безбедност на храната), болести кои се пренесуваат преку храна - од локални епидемии до национална криза, Центарот за ситуации – Информативниот центар.
Овој Интернационален Курс за побезбедна храна беше во организација на BvL (Германската федералната канцеларија за заштита на потрошувачите и безбедност на храната) и Mаx-Rubner Институтот. На него како претставник на Агенцијата за храна и ветеринарство интерактивно учество зеде Д-р Виктор АРСОВ, дипломиран доктор по медицина, специјалист интернист, експерт за здравствена проценка на ризик поврзана со опасности во храната, нутриција, диететски производи и алергии, помлад соработник за логистика за информации за здравствена проценка на ризик поврзани со опасности во храната, со речиси 18 годишно работно и професионално искуство во Секторот за проценка и комуникација на ризик (СПКР) и истиот го изработи овој документ за потребите на Агенцијата за храна и ветеринарство.