Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

ПРОТЕИНИ

Протеините се најубиквитарни органски молекули во човечкото тело и се наоѓаат во структурите и органите. Најмалку 10000 протеински молекули се присутни во телото. Како и сите останати органски молекули коишто ги внесуваме, протеините се круцијални за нормален раст и развој на телото, особено критични се за мускулите и коските. Тие буквално се присутни насекаде, како плазматски протеини во крвта, компонента на клеточната мемебрана на сите клетки, функционираат и како рецептори, транспортери и ензими. Протеините се присутни во мускулите, коските, кожата, влакната и во други телесни ткива. Хемоглобинот е исто така протеин. Во оваа публикација, насловена како "Протеини", наменета за поширокиот аудиториум (ученици, студенти, нутриционисти, потрошувачите во целост) прикажани се дваесете градивни аминокиселини, биосинтезата, метаболизмот и физиолошката функција на протеините, диететските референтни вредности за протеини, препорачани од Европскиот авторитет за безбедност на храната (EFSA), нутритивна табела за месото, млекото и јаткастите плодови во однос на содржината на протеините, протеинско-енергетската малнутриција, фенилкетонуријата и други хронични интернистички заболувања поврзани со протеинскиот внес и метаболизам.