Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Почна депопулизацијата на свињи во карбинско-штипскиот регион поради африканската чума

24.09.2022
Почна депопулизацијата на свињи во карбинско-штипскиот регион поради африканската чума

Започна депопулизацијата и еутанизацијата на свињи во Карбинско - штипскиот регион поради болеста африканска чума. Од појавата на првиот случај во земјава, досега се депопулизирани и еутанизирани 3102 животни, а се очекува, јавува МИА, со оглед на бројноста на одгледувалишта во овој регион, бројката да се дуплира.

 

 

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски денеска во Штип нагласи дека Агенцијата постапува во рамки на законските одредби и Правилникот за мерки за искоренување на африканската чума кај свињите.

Тој посочи дека во изминатиот период се донесени повеќе решенија во зависност од тоа како се јавуваат одредени жаришта на африканска чума.

Во радиус од три километри од жариштето се врши депопулација со еутаназија на сите одгледувалишта кои што не применуваат или имаат ниски биосигурносни мерки. Оние коишто имаат високи биосигурносни мерки, нивните свињи одат во кланица со која Агенцијата има потпишано договор и месото понатаму се носи на преработка со одреден технолошки процес.  Во радиус од 10 километри се врши депопулација меѓутоа без еутаназија, туку со економско искористување на животните, појасни Бабовски.

 

2

 

Тој потенцираше дека вирусот е отпорен, но дека болеста не влијае на здравјето на граѓаните.

Тоа месо што ќе биде преработено е здраво, безбедно месо, бидејќи ние луѓето не заболуваме од оваа болест, појасни Бабовски.

 

 

Ознаки
Категорија