Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Бабовски одржа работен состанок со првиот човек на косовската Агенција за храна и ветеринарство

08.07.2022
Бабовски одржа работен состанок со првиот човек на косовската Агенција за храна и ветеринарство

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски, денес, во Приштина, Република Косово, одржа работен состанок со Фламур Кадриу директор на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Косово. На состанокот беше договорено воспоставената билатерална соработка на полето на безбедноста на храната и здравствената заштита на животните да се официјализира со потпишување на меморандум за соработка.

Развојот на трговијата е во интерес на  унапредување на економиите на двете земји. Унапредувањето на соработката е и во интерес на реализација на регионалните приоритети, не само во областа на безбеднoста на храната, туку и во ветеринарството. Овде, акцентот е ставен на контролата на болестите кај животните, особено на оние за чие сузбивање и ставање под контрола е неопходно координирано преземање на различни мерки

-истакна директорот Бабовски. 

 

Бабовски одржа работен состанок со првиот човек на косовската Агенција за храна и ветеринарство

 


Претставници на АХВ ја презентираа актуелната состојба со болестите кај животните во нашата земја и мерките кои се преземаат за нивна контрола и сузбивање.


На состанокот, акцент беше ставен и на меѓуинституционалната размена на информации за безбедноста на храната и трговијата, за чие олеснување разгледани беа неколку предлози и беа разменети и искуства.

 

Бабовски одржа работен состанок со првиот човек на косовската Агенција за храна и ветеринарство


 

Ознаки
Категорија