Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Од пазарот се повлекува целото производство на Киндер од Белгија

13.04.2022
kinder

Атлантик Трејд Скопје ДОО Скопје  ја информира Агенцијата за храна и ветеринарство дека го проширува повлекувањето од пазарот на целото производство (сите серии и производи со сите рокови на употреба) на Киндер Шокобонс (46 и 125 гр.), Киндер Сурпрајз  Макси 100г и Киндер Мини Микс Пелуче (133 гр.).

Во известувањето операторот информира дека проширувањето на повлекувањето е на барање на производителот „Фереро“ и се однесува  на производите кои се произведени во фабриката  во Арлон, Белгија. Целта на повлекувањето е да се обезбеди максимално ниво на безбедност на храната и да се елиминира ризик од понатамошна контаминација. 

 


 

Ознаки
Категорија