Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Соопштение за покажување на интерес за именување на членови на Комисијата за заштита и благосостојба на животните

25.11.2021
Агенција за храна и ветеринарство

Врз основа на член 10 став (1), (3) и (12) од Законот за заштита и благосостојба на животните (“Службен весник на Република Македонија” бр. 149/14, 149/15 и 53/16) и Правилникот за постапката за именување и разрешување на членовите на Комисијата за заштита и благосостојба на животните, содржината на деловникот за работа на комисијата и висината на надоместокот за работата на комисијата (“Службен весник на Република Македонија” бр.51/18), Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија објавува соопштение за покажување на интерес за именување на пет члена од редот на истакнати стручни и научни лица од областа на заштитата и благосостојбата на животните и едно лице претставник на невладините организации заради формирање Комисија за заштита и благосостојба на животните.

Носител на соопштението за покажување на интерес е Агенцијата за храна и ветеринарство.

Предмет на соопштението за покажување на интерес се кандидатите за надворешни членови на Комисијата за заштита и благосостојба на животните согласно член 10 од Законот за заштита и благосостојба на животните.

Кандидатите од редот на истакнати стручни и научни лица од областа на заштитата и благосостојбата на животните треба да имаат соодветна професионална, стручна и научна квалификација од областа на заштитата и благосостојбата на животните а посебно да:

1. Се државјани на Република Северна Македонија; 

2. Имаат завршено високо образование од областа на природните науки;

3. Имаат најмалку пет годишно искуство во областа на професионална стручност од нивниот делокруг на работа;

4. Достават доказ за познавање на англиски јазик (активна писмена и вербална комуникација);

5. Достават препорака од матичната институција каде се вработени за учество во работите на Комисијата и

6. Имаат соодветно искуство во областа на заштитата и благосостојбата на животните.

Кандидатот од невладините организации треба да:

1. Е државјанин на Република Северна Македонија;

2. Има завршено високо образование;

3. Да достави потврда дека е член на невладино здружение за заштита и благосостојба на животните најмалку две години и

4. Да достави доказ за познавање на англиски јазик (активна писмена и вербална комуникација).

Мандатот на членовите на Комисијата е три години, со можност за повторен избор.

Содржина на пријавата од кандидатите треба да содржи:

  1. Основни податоци за кандидатот
  • Име и презиме, ЕМБГ, адреса на живеење, контакт информации;
  • Кратка биографија на кандидатот;
  • Образовен профил и професионални квалификации и
  • Документите по огласот за потврда на условите на огласот.

Документите треба да бидат во оригинал или во копија заверена на нотар.

Рок на пријавување е 30 дена од денот на објавувањето на соопштението за покажување на интерес (вклучувајќи го и денот на објавувањето). 

Пријавата на кандидатите со соодветната документација се доставуваат во затворен плик преку пошта или во архивата на Агенцијата за храна и ветеринарство (ул. III Македонска бригада бр. 20 Скопје) со задача да се обезбедат докази за датумот на доставување. Пријавите кои не се предадени во предвидениот рок како и оние кои не се изработени според пропозициите во огласот, нема да бидат разгледувани.

Надворешниот плик во горниот лев агол треба да носи ознака „не отварај“ за соопштение за пројавување на интерес за формирање на Комисија за благосостојба на животните. Тој не треба да има било каква ознака со која би можело да се идентификува кандидатот. Во средината на пликот треба да е наведена адресата на Агенцијата за храна и ветеринарство. Внатрешниот плик ја содржи документацијата по огласот. 

 

Со почит,

Агенција за храна и ветеринарство

 

В.Д. Директор,

Николче Бабовски

 

Ознаки
Категорија