Унапредување на соработката меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија на полето на безбедноста на храната из здравствената заштита и благосостојбата на животните, договорија на денешниот работен состанок директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски со високи претставници од секторите за безбедност на храна, здравствена заштита и благосостојба при Министерството за земјоделство и рурален развој и Директоратот за безбедност на храна на Република Албанија.
На состанокот договорено беше унапредување на трговијата со живи животни меѓу двете држави, а разгледани беа и активностите кои се преземаат од надлежните ветеринарни служби на полето на здравствената заштита и благосостојбата на животните, како мерки за обезбедување на стабилност со болестите кај животните на регионален план.
Претставниците на албанското Министерство за земјоделство и рурален развој, го презентираа интересот на Република Албанија за извоз на производи во нашата земја за што заеднички беа разгледани условите кои за тоа треба да бидат исполнети од нивна страна. Договорено беше, преку потпишување на меморандум за соработка наскоро да се официјализира и соработката на македонските и албанските институции одговорни за безбедноста на храната и здравствената заштита и благосостојбата на животните.