Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Унапредување на соработката со Република Србија од областа на безбедност на храната

16.07.2021
Унапредување на соработката со Република Србија од областа на безбедност на храната

Со цел унапредување на соработката во делот на лабораториските анализи од областа на безбедност на храната, како и подобрување на трговската размена на македонските и српските месни производи, денес, 16 јули 2021, Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, г-н Николче Бабовски, беше домаќин на делегацијата од Република Србија, Директорката на Белградскиот Институт за хигиена и технологија на месо, Др Весна Ж. Ѓорѓевиќ и Генералниот директор на компанијата за производство на месни производи, Златиборац, г-н Душан Кнежевиќ, во својство на претставник на српската месна индустрија.

На состанокот се разменија податоци за условите за трговска размена на производи од месо помеѓу двете земји, за трендовите и лабораториските методи поврзани со проверка на квалитетот и безбедноста на производите од месо и барањата во националните законодавства од областа на безбедноста на храната на двете страни.

Во текот на дискусијата се пројави взаемен интерес за потпишување на Протокол за соработка  помеѓу Агенцијата за храна и ветеринарство и Институт за хигиена и технологија на месо од Белград, Република Србија, во полето на размена на податоци, размена на знаење во однос на научните и техничките достигнувања, лабораториски анализи во насока на зајакнување на системите за контрола и стручна соработка од областа на безбедност на храната.

На средбата беше заклучено дека унапредувањето на статусот на здравствената заштита на животните на двете земји и поддршката на месната индустрија, е од исклучително значење за пласман на производите од месо на пазарите на Европската унија и пошироко
 

Ознаки
Категорија