Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Бабовски, учесник на регионален состанок во Црна Гора за заштита на здравјето на животните

09.07.2021
Бабовски, учесник на регионален состанок во Црна Гора

Креирање на протокол за меѓудржавна регионална соработка и комуникација во контролата и сузбивањето на прекуграничните болести како што се синиот јазик и беснилото, преку размена на искуства и информации, со цел нивно ефикасно спречување и контрола, се дел од темите на кои вчера и денес, со високи претставници од Европската Унија и Светската организација за здравствена заштита на животните - ОИЕ, во Петровец, Република Црна Гора, дискутираа првите луѓе на ветеринарните служби на Република Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и соседна Србија. Работилницата “Регионален пристап во  контролата на прекуграничните болести кај животните, соработка, комуникација и координирање на активностите” се одржа во рамки на проектот “Активности за сузбивање на болестите кај животните во Западен Балкан”, кој е финансиран од Европската унија. Цел на проектот е градење на капацитетите на ветеринарните служби во земјите од Западен Балкан, за на долг рок да се осигура поволен здравствен статус кај животните во целиот регион, како основа за правилно функционирање на внатрешниот пазар од моментот кога Западен Балкан ќе биде подготвен за влез во ЕУ. 

На дводневната работилница, директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски ја презентира состојбата со болестите син јазик и беснило во земјава и мерките кои се преземаат за спречување на нивна појава, сузбивање и ширење, ставајќи акцент на активностите кои ги презема Агенцијата и на полето на координирање на активностите и меѓуинституционалната соработка како и размената на искуствата и информации со соседните земји, со цел контрола на болестите кај животните во целиот регион. 

На работилницата се дискутираше и за механизмите за контрола на болеста африканска свинска чума во Европа и активностите кои се преземаат во рамки на Глобалната рамка за прогресивна контрола на болестите на животните - GF TADS, бидејќи таа претставува реална и сериозна опасност и за регионот на Западен Балкан. 

Претставниците на секоја од земјите учеснички на работилницата ја презентираа состојбата со прекуграничните болести кај нив, со акцент на болестите беснило и син јазик и мерките кои тие ги преземаат за нивно спречување, сузбивање и ширење. Во соработка со високите претставници на Директоратот за здравје и безбедност на храна на Европската комисија и Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ, покрај протоколот за меѓудржавна соработка и комуникација на полето на здравствената заштита на животните, учесниците креираа и усвоија и акциски план за негова реализација, со акцент на болестите син јазик и беснило, за кои исто така е неопходен регионален пристап и соработка. 

 

Бабовски, учесник на регионален состанок во Црна Гора

 

 

 

Ознаки
Категорија