Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Бабовски: Продолжен рокот за попис на пчелни семејства

08.06.2021
Бабовски: Продолжен рокот  за попис на пчелни семејства

Агенцијата за храна и ветеринарство им излезе во пресрет на барањето на одглeдувачите на пчели и го продолжи рокот за спроведување на пописот на презимени пчелни семејства до 15 јуни. 

 Со донесување на Правилникот за дополнување на Правилникот за начинот и постапката за идентификација и регистрација на пчелите, пчеларите кои досега не ја спровеле оваа активност во пчеларниците, тоа ќе можат да го сторат до средината на месецот и бројната состојба да ја пријават до ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор – вели Бабовски. 

Евидентирањето на бројната состојба на презимени пчелни смејства во Ветеринарно информативниот систем на Агенција за храна и ветеринарство (ВИС), е услов за алицирање на одгледувачите на пчели за добивање на земјоделски субвенции.

 

Ознаки
Категорија