Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

АХВ по трет пат го доби сертификатот за квалитет ISO 9001:2015

15.04.2021
АХВ по трет пат го доби сертификатот за квалитет ISO 9001:2015

Агенцијата за  храна и ветеринарство го ресертифицираше Системот за квалитет и од страна на Quаlity Austria по трет пат го доби сертификатот за управување со квалитет согласно барањата на стандардот ISO 9001:2015. Со тоа и во услови на глобална COVID 19 пандемија се покажа дека воспоставениот Систем за квалитет на АХВ функционира ефикасно и ефективно и ги задоволува потребите на економските оператори и на граѓаните. 

На  25 и 26 февруари, 2021 година во Агенцијата за храна и ветеринарство беше спроведена ресертификациска проверка на Системот за менаџмент со квалитет од страна на надворешното Сертификациско тело MQS, партнер на Quality Austria согласно барањата на стандардот ISO 9001:2015. 

Целокупниот аудит ги опфати сите барања на стандардот, преку Политиката за квалитет, мисијата и визијата на Агенцијата, системските  процеси  на преиспитување на врвното раководство, контекстот на агенцијата  преку влијанието на надворешните и внатрешните фактори и заинтересирани страни. За време на аудитот беа проверувани и оперативните ризици во процесите преку новата FMEA методологија, потоа анализата на задоволство на корисниците на услуги, управувањето со документацијата во системот, елементите на интерна проверка, како и мерки за континуирано подобрување.

Во услови на глобална  пандемија со Covid – 19 проверката беше  спроведена on – line со активно учество на сите носители на процеси во Агенцијата и претставници на тимот за управување со квалитет. Од страна на Сертификациското тело MQS беше изразено огромно задоволство во поглед на целокупното одржување и документирање на системот, како и за пристапот и несебичната посветеност на новото раководство на Системот за менаџмент со квалитет.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски потенцира дека АХВ и понатаму ќе вложува максимален напор за континуирано одржување и подобрување на Системот за квалитет и ќе ги следи сите новини, со цел поефективно и поефикасно работење и постигнување на поголемо задоволство на корисниците на услуги

 

АХВ по трет пат го доби сертификатот за квалитет ISO 9001:2015

 

Ознаки
Категорија