Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Агенцијата за храна и ветеринарство денеска потпишаа Меморандум за соработка, во врска со рекламирање, телешопинг, пласирање производи и спонзорство за храна и додатоци во исхрана во програмите на радијата и телевизиите, особено во поглед на здравствените и нутритивни тврдења, за тврдењата за намалување на ризикот од болест и за измамите поврзани со храна.
Целта на потпишувањето на Меморандумот е да се заштитат здравјето и интересите на потрошувачите и граѓаните да имаат можност да направат личен и правилен избор врз основа на вистинити и чесни информации. Имајќи ја предвид ранливоста на најмладите, посебен фокус ќе биде ставен на аудио и аудиовизуелните комерцијални комуникации што се составен дел или ги придружуваат емисиите за деца, а кои содржат масти, заситени масни киселини, сол/натриум и шеќери, чие прекумерно внесување во вкупната исхрана не е препорачливо.
Размената на информации меѓу двете агенции ќе биде во функција на доследно почитување на законски пропишаните правила и стандарди за комерцијални комуникации кои се однесуваат на храна и додатоци во исхраната, посочи директорот на АВМУ, ЗоранТрајчевски.
Преку договорената соработка, во рамки на националната регулатива која се однесува на оваао бласт, денес, заедно со АВМУ,пред потрошувачите, институциите и бизнис заедницата ги поставивме основите за одговорна современите барања за рекламирање на оваа категорија производи, што ќе биде гаранција дека на пазарот се нуди максимално безбедна храна и додатоци во исхраната, а потрошувачите не се доведуваат во заблуда и измама од страна на операторите – истакна НиколчеБабовски, директор на Агенција за храна и ветеринарство.