Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Во Струмица запленети 50 кг. небезбедна риба

04.03.2021
Во Струмица запленети 50 кг. небезбедна риба

Во координација со Министерството за внатрешни работи, вчера, во Струмица,  инспекциски служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведоа акција за спречување на продажба на храна од животинско протекло без соодветна документација, надвор од зелените пазари, во нехигиенски услови и без воспоставен термички режим за нејзино чување.

Од физички лица кои продавале риба на импровизирани тезги пред струмичкиот зелен пазар, инспекциските служби на АХВ запленија и  нештетно уништија 50 килограми риба, со што е спречено на пазарот да се пласира храна која е произведена или со која се ракува надвор од објект кој е одобрен од Агенцијата за храна и ветеринарство и која може да го загрози здравјето на граѓаните, бидејќи не ги исполнува општите и посебните услови за безбедност. 


За прекршокот на  сторителите им се изречени соодветни казни согласно одредбите од законските и подзаконските акти кои се однесуваат на безбедноста на храната. 

 

2

 


 

Ознаки
Категорија