Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Одделение за државна инспекција на граничен премин за храна од неживотинско потекло

Одделението за државна инспекција на граничен премин за храна од неживотинско потекло ги врши следните работи:

• контрола на храната и на производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната при увоз;

• контрола на документацијата на храната и на производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната при увоз;

• води евиденција на податоците во однос на безбедноста на храната од увоз;

• издава решенија за увоз на храна и на производи и материјали што доаѓаат во контакт со храната при увоз.

Начин и постапка за увоз на храна од неживотинско потекло од земји членки на ЕУ и трети земји:

Храната која се увезува, наменета за ставање во промет во Република Северна Македонија, мора да биде во согласност со одредбите на ЗБХ (Сл. весник на РМ бр. 157/10, 53/11, 1/12, 164/13, 187/13, 43/14, 72/15, 123/15, 129/15, 213/15, 9/16, 64/18 и 209/23), прописите донесени врз основа на овој закон и условите утврдени меѓу Република Северна Македонија и земјата извозник, без посебни измени во постапката за увоз, освен во случај на посебни билатерални договори.

За да може да се изврши увоз во Република Северна Македонија, земјата извозник треба да исполнува општи и посебни услови. Директорот на Агенцијата ги пропишува општите и посебните услови што треба да ги исполнат третите земји, со примена на начелото на еквивалентност за увозот на храна.

Официјалните контроли при увоз се вршат на инспекциското место (ИМ) на граничен премин (ГП) за влез на производите, местото на ставање во промет, складиштата и просториите на операторите кои вршат увоз на храна. Истите се состојат од документациска, идентификациска и физичка контрола на пратката, при што може да бидат земени примероци за анализа по претходна проценка на ризик.

Агенцијата може да побара од трети земји, кои имаат намера да извезуваат храна во Република Северна Македонија, да обезбедат прецизни и ажурирани информации за општата организација и управувањето со системите за безбедност на храна.

Операторите со храна треба да обезбедат пратките со храна при увоз да бидат придружени со сертификати и придружна документација за увоз.

Документите кои треба да ги придружуваат пратките при увоз се:

• Комерцијална фактура;

• Листа со производи со сериски броеви/лотови, датуми на производство или рок на употреба (Packing List);

• Анализен сертификат (Certificate of Analysis), не постар од 4 месеци, за лотовите на производите кои се предмет на увоз или датуми на производство или рок на употреба како сериски броеви/лотови на производите/храната;

• Здравствен сертификат, доколку е применливо;

• Сертификат за потекло, доколку е применливо;

• Друга придружна документација на барање на АХВ, доколку е потребно, согласно важечките прописи, како на пример: сертификат за органско производство и фитосанитарно-здравствен сертификат, доколку е применливо.