Во однос на новата одлука на Владата на Република Северна Македонија, за забрана за движење на населението во земјава која стапува на сила од денес, среда, 08.04.2020, сточарите и земјоделците кои имаат работни обврски на фармите и на земјоделските површини, а кои се наоѓаат во атарот на селото во кое што живеат, можат да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење.
Сточарите и земјоделците чии што фарми и земјоделски површини се наоѓаат надвор од селото во кое живеат, задолжително треба да извадат дозвола за движење преку подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Како одговорна институција, апелираме да се почитуваат препораките на Владата и сточарите и земјоделците движењето да го користат исклучиво за работни обврски.