П Р А В И Л Н И К ЗА ЛИСТА НА НЕПОЖЕЛНИ СУПСТАНЦИИ ВО ХРАНАТА ЗА ЖИВОТНИ И
МАКСИМАЛНО ДОЗВОЛЕНО НИВО КАКО И КРИТИЧНИТЕ ТОЧКИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА ИЗВОРОТ И ПРИЧИНИТЕ ЗА ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА МАКСИМАЛНО ДОЗВОЛЕНОТО НИВО
Со ПРАВИЛНИКОТ ЗА ЛИСТА НА НЕПОЖЕЛНИ СУПСТАНЦИИ ВО ХРАНАТА ЗА ЖИВОТНИ И МАКСИМАЛНО ДОЗВОЛЕНО НИВО КАКО И КРИТИЧНИТЕ ТОЧКИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА ИЗВОРОТ И ПРИЧИНИТЕ ЗА ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА МАКСИМАЛНО ДОЗВОЛЕНОТО НИВО се пропишуваат непожелни супстанции во храната за животни и максимално дозволено ниво како и критичните точки за спроведување на истражување за идентификација на изворот и причините за пречекорување на максимално дозволеното ниво.
Максималното дозволено ниво на непожелните супстанции во храната за животни кои може да се стават во промет во Република Северна Македонија се дадени во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник.
П Р А В И Л Н И КОТ ЗА ЛИСТА НА НЕПОЖЕЛНИ СУПСТАНЦИИ ВО ХРАНАТА ЗА ЖИВОТНИ И МАКСИМАЛНО ДОЗВОЛЕНО НИВО КАКО И КРИТИЧНИТЕ ТОЧКИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА ИЗВОРОТ И ПРИЧИНИТЕ ЗА ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА МАКСИМАЛНО ДОЗВОЛЕНОТО НИВО )Службен весник на Република Северна Македонија 47/2012) е усогласен со Директивата 2002/32/EК на Европскиот Парламент и на Советот од 7 мај 2002 година за непожелни супстанции во храна за животни/CELEX 32002L0032
ЛИСТА НА СУРОВИНИ, МАТЕРИЈАЛИ И ДРУГИ ПРОИЗВОДИ ЧИЕ СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ И УПОТРЕБА СЕ ЗАБРАНЕТИ
Со Листата се пропишуваат суровини, материјали и други производи чие ставање во промет и употреба се забранети.
Суровини, материјали и други производи чие ставање во промет и употреба се забранети се
следните:
1 Фецес, урина како и содржина на дигестивниот тракт добиена од празнењето или отстранувањето на истиот, без оглед на третманот или добиената мешавина;
2 Кожа третирана со материјали за штавење, вклучувајќи ги и нејзините отпадоци;
3 Семиња и саден материјал кои, по жетвата, се подложени на посебен третман со производи
за заштита на растенијата во зависност од нивната дестинација, и било какви нивни нус-производи;
4 Дрво, вклучувајќи ја и пилевината или другите материјали добиени од дрвото, третирани со конзерванси за дрво или биоциди производи;
5 Сите отпадни материи добиени во текот на различните фази од процесот на третман на урбаните, домашните и индустриските отпадни води, наведени во законодавството на Република Северна Македонија за третман на урбани води, без оглед на било каков третман на овие отпадни материи и без оглед на изворите на отпадните води;
6 Цврст урбан отпад како што е отпад од домаќинствата или комунален отпад;
7 Пакувања и делови на пакувањата кои произлегуваат од употребата на производи на земјоделско-прехранбената индустрија; и
8 Протеински производи добиени од квасци од соратата Candida култивирани на n-алкани.
ЛИСТА НА СУРОВИНИ, МАТЕРИЈАЛИ И ДРУГИ ПРОИЗВОДИ ЧИЕ СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ И УПОТРЕБА СЕ ЗАБРАНЕТИ (Службен весник на Република Северна Македонија 149/2012) е усогласена со Регулативата (ЕК) Бр. 767/2009 на Европскиот Парламент и на Советот од 13 јули 2009 година за ставање во промет и употреба на храна за животни, со која се изменува Регулативата на Европскиот парламент и Советот (ЕК) Бр. 1831/2003 и со која се отповикува Директивата на Советот 79/373/ЕЕЗ, Директива на Комисијата 80/511/ЕЕЗ, Директивите на Советот 82/471/ЕЕЗ, 83/228/ЕЕЗ, 93/74/ЕЕЗ, 93/113/ЕК и 96/25/EC и Одлука на Комисијата 2004/217/EК