Со цел обезбедување на веродостојни информации за исполнување на барањата на безбедност на храна АХВ со посебен правилник го пропишува начинот и постапката за земање примероци, начин и методи на вршење на лабораториски анализи на храната за животни.
Наведените методи за начинот и постапката за земање примероци како иначинот и методите на вршење на лабораториски анализи на храната за животни се пропишани во ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА ЗЕМАЊЕ ПРИМЕРОЦИ, НАЧИН И МЕТОДИ НА ВРШЕЊЕ НА ЛАБОРАТОРИСКИ АНАЛИЗИ НА ХРАНАТА ЗА ЖИВОТНИ (Службен весник на Република Северна Македонија 2012/151)
Начинот на земањето примероци заради спроведување на службените контроли на храна за животни, во поглед на определување на конституентите, адитивите и непожелни супстанци, со исклучок на резидуи од пестициди и микроорганизми, се врши согласно методите дадени во Прилог 1 на правилникот.
Подготовката на примероците за анализа и презентација на резултатите се врши согласно методите кои се дадени во Прилог 2 на правилникот.
Лабораториските анализи за службени контроли на храна за животни се вршат со користење на методите дадени во Прилозите 3, 4, 5, 6 и 7 на правилникот.
(1) Методите на анализа за контрола на составот на сировините на храната за животни и крмните смеси се дадени во Прилог 3 на правилникот.
(2) Методите на анализа за контрола на нивото на одобрени адитиви во храната за животни се дадени во Прилог 4 на правилникот.
(3) Методите на анализа за контрола на непожелни супстанции во храната за животни се дадени во Прилог 5 на правилникот.
(4) Методи за анализа за определување на состојките од животинско потекло, за официјална контрола на храна за животни се дадени во Прилог 6 на правилникот.
(5) Методите на пресметување на енергетската вредност на храна за живина се дадени во Прилог 7 на правилникот.
(6) Методите на анализа за контрола на недозволено присуство во храната за животни на адитиви кои повеќе не се одобрени и се користат за потврдни цели се дадени во Прилог 8 на правилникот.
Правилникот е усогласен со Регулативата на Комисијата (ЕК) 152/2009 со која се пропи-
шуваат начините на земање мостри и анализи за целите на службените контроли на храна за животни; CELEX бр. 32009R0152)