Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Медицирана храна за животни

Со ПРАВИЛНИКОТ ЗА УСЛОВИ ЗА СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА МЕДИЦИНИРАНА ХРАНА ЗА ЖИВОТНИ, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ВЕТЕРИНАРНИОТ РЕЦЕПТ ЗА МЕДИЦИРАНА ХРАНА ЗА ЖИВОТНИ И НАЧИНОТ НА НЕГОВО ИЗДАВАЊЕ  се пропишуваат услови за ставање во промет на медицинирана храна за животни, формата и содржината на ветеринарниот рецепт за медицирана храна за животни и начинот на негово издавање.

Под ставање во промет во смисла на овој правилник се подразбира поседување на медицирана храна за животни за продажба или друга форма на испорака на трета страна, за исплата или бесплатно, или складирање со цел за снабдување на друг субјект.

 

Медицинската компонента во храната за животни треба да биде произведена единствено од одобрени медицинирани премикси согласно Законот за ветеринарно-медицински препарати и Законот за безбедност на храна за животни.

 

ПРАВИЛНИК ЗА УСЛОВИ ЗА СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА МЕДИЦИНИРАНА ХРАНА ЗА ЖИВОТНИ, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ВЕТЕРИНАРНИОТ РЕЦЕПТ ЗА МЕДИЦИРАНА ХРАНА ЗА ЖИВОТНИ И НАЧИНОТ НА НЕГОВО ИЗДАВАЊЕ (Службен весник на Република Северна Македонија 7/2012) е усогласен со Директивата на совет од 26 март 1990 со која се пропишуваат условите за подготовка, ставање во промет и употреба на медицирана храна за животни во Заедницата, CELEX 31990L0167