Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Контрола на трихинелоза

Посебните барања за контрола на Trichinella во месото, методите на испитување на присуство на Trichinella во месото, постапувањето на Агенцијата за храна и ветеринарство и операторите со храна, доделување и отповикување на здравствениот статус, ветеринарно - санитарните услови за увоз и начинот на спроведување на службени контроли и мониторинг на трихинелозата се пропишани согласно Правилникот за посебните барања за контрола на Trichinella во месото (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 82/16).

При post-mortem преглед во кланиците, од трупови од домашни свињи се земаат примероци, и тоа:

  • од сите трупови на расплодни маторици и нерези или најмалку 10% од трупови кои што се пратени за колење секоја година од секое одгледувалиште кое е официјално регистрирано како одгледувалиште каде што се применуваат контролирани услови на одгледување, за испитување на Trichinella;
  • од сите трупови од одгледувалишта кои не се официјално регистирани како одгледувалишта каде се применети контролирани услови за одгледување со систематско испитување на Trichinella.

Труповите од коњи, диви свињи и други фармски и диви животински видовиподложни на инфестација со Trichinella треба систематски да се испитуваат во кланициили објекти за расекување на месото, како дел од post-mortem прегледот.

Законски и подзаконски акти

  • Закон за безбедност на храна (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 157/10, 53/11, 1/12, 164/13, 187/13, 43/14, 72/15, 129/15, 213/15, 39/16 и 64/18)
  • Правилник за посебните барања за контрола на Trichinella во месото (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 82/16)