Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Кокошки несилки

“Несилки” се кокошки од видот Gallus gallus кои ја имаат достигнато зрелоста за несење и се чуваат за производство на јајца кои не се наменети за ведење
Во зависност од начинот на кој се држат кокошките несилки, сопственикот и/или одгледувачот на кокошките несилки покрај општите услови утврдени со овој закон треба да ги применува и посебните услови за следниве системи:
1) алтернативен систем;
2) основен кафезен систем и
3) подобрен кафезен систем
Изградба на нови основни кафезни системи не е дозволено по денот на започнувањето со примената на Законот за заштита и благосостојба на животните односно од 1 jануари 2008 година.
Новоизградените, односно објектите кои се ставаат во употреба за чување кокошки несилки со денот на отпочнување со примена на Законот за заштита и благосостојба на животните треба да бидат во согласност со одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон.
При држење на кокошки несилки, сопствениците и или одгледувачите покрај општите одредби пропишани во членовите 5, 6 и 7 од Законот за заштита и благосостојба на животните и општите услови пропишани во членот 2 од Правилникот за условите и начините за заштита на фармските животни треба да ги исполнуваат и посебните одредби пропишани во членот 11 од Законот за заштита и благосостојба на животните и членовите 18, 19, 20, 21, 22 и 23 од правилникот за условите и начините за заштита на фармските животни

Законот за заштита и благосостојба на животните може да го превземете тука
Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните може да го превземете тука
Правилникот за условите и начините за заштита на фармските животни може да го превземете тука