Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Инфективна анемија кај коњи се појави во Скопско

20.12.2017
Инфективна анемија кај коњи се појави во Скопско

Поради појава на болеста Инфективна анемија кај копитарите, кај коњи во селото Брест, во општината Чучер Сандево, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов во својство на претседател, вчера попладне одржа координативен состанок со претставници од релевантни институции членки на Националниот центар за контрола на болести. На состанокот беше разгледана актуелната состојба по појавата на болеста и дадени беа насоки за преземање на соодветни мерки за брзо и ефикасно спречување на ширење на оваа болест. Болеста не е зооноза, односно не се пренесува и не е опасна за луѓето и другите видови животни, освен за домашните и дивите копитари и нивни мелези.
Официјални ветеринарни од Агенцијата за храна и ветеринарство во координација со ветеринарните друштва, на целата територија на Република Северна Македонија, вршат попис на сите регистрирани и нерегистрирани одгледувалишта каде има копитари. Во моментов, во Скопскиот регион, од животните од оваа категорија се вади и крв за дијагностичко испитување на болеста. Одржан е и состанок со претставник од Министерството за внатрешни работи за координација и размена на информации во однос на следењето на движењето на копитари во засегнатите региони.
Болеста Инфективна анемија кај копитари е вирусно заболување кај домашните и диви копитари (коњ, магаре и нивни мелези). Најчесто болеста се среќава во хронична форма и е без клиничка слика кај болни животни. Ја пренесуваат инсекти кои се хранат со крв и се пренесува меѓу коњите кои се наоѓаат во непосредна близина. Инсектите само механички ја пренесуваат болеста бидејќи вирусот не се размножува во нив.
Извор на заразата и на ширење на вирусот покрај крвта, може да бидат и сите ткива и телесни течности кои се потенцијално заразни, особено во време кога животните се во фаза на таканаречена виремија. Пренесувачи на вирусот најчесто се коњската, шталска и еленската мува. Покрај со вектори (инсекти) вирусот може да се пренесе и со пренос на вирусот е можен и преку контаминирана опрема (игли или хируршка опрема), а поретко транс плацентално.
Болеста нанесува економски штети заради угинувањето на животните, намалувањето на нивната работна способност, забраната за трговија, како и поради трошоците за имплементација на програмите за надзор и за вршење на дијагностички испитувања.
Болеста за последен пат била присутна во Република Северна Македонија во 2004 година.
Бидејќи нејзината природа, клиничката слика, но и нејзиното отсуство во државата ја прават оваа болест тешка за детекција, во координација на националниот и локалниот Центар за контрола на болеста, издадено е известување до официјалните ветеринари и надлежните ветеринарни друштва како активни ученици во мрежата за надзор со основните информации за болеста, начинот на пренесување и нејзина клиничка манифестација, со цел подобро препознавање на болеста, зголемено ниво на претпазливост и нејзино пријавување врз основа на основан сомнеж.

Категорија