Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Идентификација и регистрација на различни видови на животни

Идентификација и регистрација на говеда

Идентификација и регистрација на говеда се врши со средства за идентификација во рок од 20 дена од раѓање на говеда од страна на ветеринарното друштво со кое одгледувачот има договор

Средства за идентификација: 

  1. Ушни маркици
  2. Електронско средство за идентификација 
    • Во случај животното да го изгуби средството за идентификација, одгледувачот е должен од ветеринарното друштво со кое има договор да нарача дупликат средство за идентификација, во рок од 7 дена

- линк до член 14 став(2) од Закон за ИиР (сл.в. 95/12, 27/14, 149/15,53/16)

 

Пасош за говеда се издава од страна на ветеринарното друштво со кое одгледувачот има договор во рок 14 дена од известување за раѓање

- линк до член 15 од Закон за ИиР (сл.в. 95/12, 27/14, 149/15,53/16)

  • Во случај до смрт на животното одгледувачот го враќа пасошот до Агенција (официјален ветеринар) во рок од 7 дена

– линк до член 15 став (4) од Закон за ИиР (сл.в. 95/12, 27/14, 149/15,53/16)


Идентификација и регистрација на овци и кози

Идентификација и регистрација на овци и кози се врши со средства за идентификација во рок од 6 месеци  од раѓање, или во рок од 9 месеци ако животните се одгледуваат екстензивно, од страна на ветеринарното друштво со кое одгледувачот има договор


 - линк до член 16 од Закон за ИиР (сл.в. 95/12, 27/14, 149/15,53/16)

Средства за идентификација:

  1. Ушни маркици
  2. Електронско средство за идентификација 
  3. Алтернативни средства
    • Во случај средството за идентификација да стане нечитливо, се оштети или изгуби, одгледувачот е должен од ветеринарното друштво со кое има договор, во рок од 7 дена да побара замена на средството за идентификација со ново, и треба да го идентификува животното во рок од 30 дена

 - линк до член 16 став(4) од Закон за ИиР (сл.в. 95/12, 27/14, 149/15,53/16) 

Muabetov mi e - tuka sreduvaj ne gubi vreme vo source, oki, ako zaglavam kje pisam nam  ova kje go dovrsam, pa da se oblakam pa posle pak - ok probaj preku den ova nema mnogu ako moeas da go sredis da i go pratam deka se raboti...

ajde teraj spremi se pa ke cepkas po raat

Видови на ушни маркици за идентификација и регистрација на овци и кози

  1. Две ушни маркици со индивидуален број- за животни наменети за одгледување
  2. Една ушна маркица со индувидуален број- за животни наменети за колење пред 12 месеци, за одгледувалишта со помалку од 50 животни
  3. Една ушна маркица со бројот на одгледувалиштето - за животни наменети за колење пред 12 месеци, за одгледувалишта со повеќе од 50 животни.

-линк до член 8 од Правилник за идентификација и регистрација на животни од видовите овци и кози (сл.в. 37/14)

Попис на животни

Одгледувачот е должен еднаш во текот на годината да направи попис на животните на своето одгледувалиште.