Пренесување на искуствата во процесот на отворањето на преговорите за членство на Република Хрватска во Европската унија во делот на ветеринарството, состојбата со безбедноста на храната од животинско потекло во оваа земја, презентирање на поставеноста на хрватскиот Ветеринарен институт во системот на здравствена заштита на животните со поставување на основите на идната соработка со македонската Агенција за безбедност на храната, се темите на кои дискутираа на денешната средба, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов и првиот човек на Хрватскиот ветеринарен институт , проф Д-р Борис Хабрун.
На состанокот на кој присуствуваа и проф Д-р Лазо Пендовски декан на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје и проф Д-р Јована Стефановска, раководител на Ветеринарниот институт во состав на Факултетот за ветеринарна медицина, директорот Атанасов ја презентираше организационата поставеност на Агенцијата и надлежностите на институцијата.
Изразена беше заедничка подготвеност за соработка и за споделување на хрватските искуства со релевантните институции од Република Северна Македонија, со помош и посредство на Агенцијата.