Зоран Атанасов, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство
Зоран Атанасов, доктор по ветеринарна медицина, е новоименуван директор на Агенцијата за храна и ветеринарство. Роден e на 01.09.1966 година. Факултет за ветеринарна медицина завршил Загреб, Република Хрватска.
Својата успешна кариера почна да ја гради во Армијата на Република Северна Македонија и во Министерството за одбрана, каде што работи од 1994 до 2005, а од 2009 до 2013 година, Атанасов ангажиран е како Советник во Советот на Општина Аеродром.
Потоа е ангажиран во Управата за ветеринарство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а од 2011 работи во Агенцијата за храна и ветеринарство како официјален ветеринар.
Атанасов е еден од креаторите и изработувачите на Националниот концепт за логистичка поддршка на АРМ, на Доктрината за логистичка поддршка на АРМ и на Националниот концепт за поддршка од земја домаќин (НАТО партнерска цел). Во Министерството за одбрана работел во секторот за логистика каде што има изработено упатства и прирачници за потребите на ветеринарното обезбедување при Армијата на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана.
Атанасов посетувал бројни обуки и курсеви од областа на безбедноста и одбраната, меѓу кои позначајни се: Лидери на 21 век на Центарот Џорџ Маршал (“Lеаders for 21-st century“ - George C Marshal Center, Garmish Partenchirchen, Germany), Управување со ресурси, планирање и имплементација на финансиски и материјални ресурси на Кралска школа за бизнис (“Resource management Planning and implementation of finance and material resources“ - Queen’s school of business, Ottawa, Canada). Во Министерството за одбрана работел во секторот за логистика каде што има изработено упатства и прирачници за потребите на ветеринарното обезбедување при Армијата на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана.
Од областа на безбедност на храната има завршено повеќе обуки и работилници меѓу кои: Безбедност на храната, Министерство за земјоделство на САД, во рамки на програмата Кокран на Универзитетот на Северна Дакота (Food Safety / HACCP UNITED STATES DEPARTMENT OF AGRICULTURE Cochran Fellowship Program North Dakota University Fargo, U.S.A); Официјална контрола на храната од животинско потекло, микробиолошки критериуми и примероци – Агри-Консалтинг Европа С.А. (Official control of animal origin food, microbiological criteria and sampling - Agri-consulting Europe S.A); Следливост на движењето и официјална контрола на храната од животинско потекло на граничните контроли – (Traces and Official control of animal origin food on Border control point - BTSF, Trade Control and Expert System, TAIEX); Миграција на кучиња и мачки (Movement of dogs and cats, BTSF); Значењето на следливоста во извозот на живи животни и производите од животинско потекло, (Traces use at Import of live animals and products of animal origin), BTSF Обука за ветеринарство и безбедност на храна на граничните пристаништа и во граничните инспекциски места , (Training on Veterinary and Food Safety control checks at seaport border inspection posts, BTSF).
Пред именувањето за прв човек на Агенцијата за храна и ветеринарство, како професионалец во областа на ветеринарството, Зоран Атанасов работи како советник во кабинетот на Љупчо Николовски, дополнителен заменик министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.