Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Март 2026

Вонредните контроли потврдуваат подобрување на безбедноста на храната во домовите за стари лица

18.03.2026

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во почетокот на месецов спроведоа 39 вонредни инспекциски контроли во домови за стари лица во земјава. Со контролите утврдено е дека само еден не бил регистриран како оператор со храна во АХВ за што му е изречена времена забрана за работа, глоба и даден е налог за негова регистрација во Агенцијата.

 

АХВ со високи оценки од сертификациското тело MQS – потврдена ефективноста на системот за управување со квалитет

03.03.2026

Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) успешно го заврши редовниот надзорен аудит спроведен од страна на сертификациско тело (MQS), при што беа констатирани позитивни наоди и високи оценки за воспоставениот, имплементиран и одржуван систем за управување со квалитет во институцијата. Аудитот беше реализиран согласно барањата на стандардот ISO 9001 2015 и опфати сеопфатна анализа на организациската посветеност на барањата на стандардот, управувачките процеси, оперативните процедури, како и степенот на нивна практична примена во секојдневното работење.