Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
Април 2024
Здравствена проценка на ризик од жива и олово во храна по човековото здравје
Овој научен документ "Здравствена проценка на ризик од жива и олово во храна по човековото здравје" ги содржи следниве чекори на научно-базираната проценка на ризик - идентификација и карактеризација на опасноста (жива и олово), експозициска проценка со механизам на токсицитет на овие два тешки метали, токсикокинетика, семплирање и методи на анализа (детекција), клиничка презентација на труења при акутна и хронична експозиција, терапискиот пристап (третман) и превентивните мерки, како и најновата ЕУ легислатива што ги регулира максимално дозволените нивоа (концентрации) на овие метали во од
Здравствена проценка на ризик по човековото здравје од омега 3 полинезаситени масни киселини (PUFA)
Двете главни класи на полинезаситени масни киселини (PUFAs) се омега-3 и омега-6 масните киселини.Постојат неколку различни омега-3, а од научен интерес се три: алфа-линоленска киселина (ALA), еикозапентаеноична киселина (EPA) и докозахексаеноична киселина (DHA). Препораките за внес на масни киселини и други хранливи материи се дадени во Диететските референтни дози (DRIs). Растителните масла кои содржат ALA вклучуваат ленено семе, соја и масла од канола.
Интернационален курс за побезбедна храна (17-19 Mарт 2022): 4-ти BvL/MRI Курс за безбедна храна, автентичност на храна и управување на ризик
Овој документ е сублимат на интерактивните онлајн предавања одржани во 2022 година на 4-тиот BvL/MRI Интернационален курс за побезбедна храна, автентичност на храната и управувањето на ризик.
Здравствена проценка на ризик и здравствена безбедност на аспартамот (адитив присутен во храната - Е 951)
Aспартамот, како адитив во храната (Е 951) и неговите хидролизирани метаболити се предмет на континуирана екстензивна инвестигација преку изведување на експериментални анимални, клинички и епидемиолошки студии на луѓе, како и континуирано следење на ефектите по човековото здравје.
ЕFSA (ЕФСА) научно мислење за зеленото киви (lat. actinidia deliciosa var. hayward) и одржувањето на нормалната дефекација и примената со FODMAP's во диететски третман на запек kaj синдром на иритабилно црево (IBS)
Синдромот на иритабилно дебело црево (IBS) е функционално нарушување на дебелото црево и се карактеризира со абдоминална болка или непријатност и променетo дебелоцревно празнење во отсуство на забележливи структурни абнормалности. Нема јасни дијагностички маркери за IBS и затоа дијагнозата на нарушувањето се заснова на клиничката слика. Во 2016 година, етаблираните Рим III критериуми за дијагнозата на IBS беа ажурирани во Рим IV.