Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Март 2022

ONE HEALTH конференција 2022 година

30.03.2022
Европската агенција за безбедност на храна (EFSA) во соработка со Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), Европската агенција за хемикалии (ECHA), Европската агенција за животна средина (EEA), Европската агенција за лекови (EMA) и Заедничкиот истражувачки центар (JRC) на Европската комисија оваа година повторно организираат ONE HEALTH конференција која ќе се одржи во периодот од 21 до 24 јуни 2022 година ви Брисел, Белгија.

Јавна консултација за нацрт-секцијата за податоци во однос на способноста на вирусот на Африканска чума кај свињите да преживее и да остане одржлив во различни матрикси

29.03.2022
Јавна консултација за нацрт-секцијата за податоци во однос на способноста на вирусот на Африканска чума кај свињите да преживее и да остане одржлив во различни матрикси во однос на Научното мислење за проценка на ризик од Африканска чума кај свињите и способноста на производите или материјалите да претставуваат ризик за пренос на вирусот на Африканската чума кај свињите

Со регионална соработка и комуникација до подобра состојба со болестите кај животните

15.03.2022
Болестите кај животните не познаваат граници, а некои од нив претставуваат сериозна опасност и за луѓето, затоа, унапредувањето на регионалната соработка и интензивирање на комуникацијата мора да биде приоритет, не само во регионот, туку и пошироко.

Бабовски за Утрински брифинг: Будно ја следиме ситуацијата – преземаме соодветни мерки за можното ширење на птичјиот грип

15.03.2022
Претходната недела во медиумите проструи информација дека во соседна Грција во областа Мала Преспа потврден е случај на птичји грип откако беше пронајден голем број на мртви пеликани. Тоа пак веднаш го подигна алармот и кај соседните земји, и кај нас во Македонија.

Во вторник и среда во Велешко, симулациска вежба за болеста чума кај мали преживари

14.03.2022
Агенцијата за храна и ветеринарство  во соработка со проектот „Регионална акција на ЕУ за искоренување на болести кај животните во Западен Балкан“, утре, вторник, 15.03.2022 година и во среда, 16.03.2022 година, во Велес, ќе одржи симулациска вежба за искоренување на болеста Чума кај мали преживари.