Граѓаните можат да бидат мирни. Храната што ја јадеме е безбедна. Контролите се континуирани и зајакнати, надзорот се засилува, а бројот на инспекции е зголемен, уверува директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски.
Од 5 до 8 октомври 2021 година во Гевгелија, Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија го спроведува новиот циклус обуки за дисеминација на знаењето и вештините стекнати за време на меѓународни обуки.