Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
Јануари 2019
Дефинирање на правилата за директно снабдување и за традиционално производство
АХВ почна со реализација на нов проект во рамки на ИПА 2015
Годишен план за мониторинг на резидуи и недозволени супстанции кај живи животни, производи и суровини
Годишниот план за мониторинг на резидуи и недозволени супстанции кај живи животни, производи и суровини од животинско потекло е наменет за набљудување и откривање на причините за ризиците од појава на резидуи во храната од животинско потекло на ниво на фарма (одгледувалиште), во кланици, млекарници, во објекти за одгледување и преработка на риби, во центари за собирање и пакување на јајца и мед, како и кај дивеч од ловишта.
Квалитет на храна од животинско потекло
Мониторингот на квалитетот на храната од животинско потекло се врши заради утврдување на степенот на исполнување на барањата за квалитет на храната од животинско потекло како и согласност со декларацијата на самиот производутврдена од страна на операторите со храна од животинско потекло.
Мониторингот се врши во сите фази на ланецот на производство и промет на хранатавклучувајќи ја и храната од увоз.
Регистрација на примарни производители
Примарното производство е одгледување и производство на примарни производи, вклучувајќи берба/жетва, молзење и производство на животни одгледувани на фарма пред колење. Исто така, вклучува лов и риболов и собирање на производи од природата. Примарни производи се производи добиени од примарното производство, вклучувајќи ги производите од почвата, сточарството, ловот и риболовот. Примарни производи од животинско потекло се: сурово млеко, полжави, јајца, риби, месо од дивеч и мед.
Регистрирање на правни лица кои вршат увоз на храна од животинско потекло
Правните лица - оператори со храна од животинско потекло кои сакаат да започнат со активност на увоз на храна од животинско потекло потребно е до Агенцијата за храна и ветеринарство да достават барање (Образец бр.9) со придружна документација објавена на веб страницата на Агенцијата на следната [врска]
Регистрирање на објекти и оператори со храна од животинско потекло
Aктивности и оператори со храна кои подлежат на регистрација се:
Одобрување на објекти и оператори со храна од животинско потекло
Операторите со храна кои сакаат да започнат со активност на производство, обработка и манипулација со храна од животинско потекло, со цел нејзино ставање во промет потребно е да бидат одобрени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Во зависност од активностите кои ги вршат објектите и операторите со храна кои се предмет на постапка на одобрување се поделени во :