Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Ноември 2017

Подобрување на состојбата со бездомни животни заеднички интерес на АХВ и Општина Аеродром

06.11.2017
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов и градоначалникот на општина Аеродром Златко Марин, викендов одржаа работен состанок на кој дискутираа за теми кои се од заеднички интерес, а кои се во надлежност на двете институции.

Најголемиот дел од производите ги содржат основните информации во однос на означувањето

02.11.2017
Најголем дел од етикетите на прехранбените производи во Македонија ги имаат основните информации за содржината и квалитетот, покажува истражувањето. Истражување на етикетите на одредени прехранбени производиво малопродажната мрежа,, што го спроведе Организацијата на потрошувачи на Македонија за Агенцијата за храна и ветеринарство во рамки на владината Програма за заштита на потрошувачите за 2017/2018 година.

ЕФСА:Собрание за истражување на проценка на ризик

02.11.2017
На 7 февруари 2018 година во Утрехт, Холандија, Европската Агенција за Безбедност на Храна (EFSA) организира Собрание за истражување на проценка на ризик (RARA). Собранието е предвидено да се одржи како динамичен и интерактивен настан на кој експертите од EFSA и претставниците на националните истражувачи институции ќе имаат можност да дискутирааат на тема “Проценка на ризик во однос на безбедност на храната” и учесниците ќе имаат можност своите идеи да ги претстават во вид на постер или кратка презентација.

2017-155 Решение за забрана на увоз на живи животни,производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенца во РМ по потекло од Р.Бугарија