Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

АХВ и ОПМ го издадоа првиот е - билтен „Потрошувачите и храната“

13.04.2018
АХВ и ОПМ го издадоа првиот е - билтен „Потрошувачите и храната“

Агенцијата за храна и ветеринарство и Организацијата на потрошувачите на Македонија го издадоа првиот електронски билтен „Потрошувачите и храната“. Првиот број на е- билтенот е подготвен во рамки на владината Програма за заштита на потрошувачите за 2018-та година, во која до крајот на годинава, еднаш месечно, ќе бидат подготвени уште девет електронски билтени.

Првиот број на е - билтенот „Потрошувачите и храната“ содржи информации за тоа на што треба да внимаваат потрошувачите кога купуваат храна, а посебен осврт е даден и на темите „Од каде доаѓа мојата храна“, „Нутритивен профил“, „Поврзаност на исхраната со јавното здравје и можности за интервенции“, „Хемиски опасности во храната“ и „МЛЕКО – производ кој не треба да го избегнувате!“.

Категорија