Агенцијата за храна и ветеринарство и Организацијата за потрошувачи на Македонија го издадоа двобројот на електронскиот билтен за потрошувачите и храната. Во овој број стручните лица обработија теми кои се однесуваат на исхраната во зимскиот период, за јогуртот како здрава и вкусна намирница, за ГМО храната и грижата за потрошувачите и за исхраната при воспалителни цревни заболувања. Во ова издание ќе може да прочитате и повеќе за вечната врска – исхраната и физичката активност, за тивките заштитници на здравјето фолната киселина и витаминот Б 12, за киселите маринирани зеленчуци и за важноста на безбедноста на храната во домот.
Билтнот можете да го преземете ТУКА