Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

АХВ домаќин на работилницата „Анализа на ризик и воспоставување на чекори на подготвеност за справување со болеста лигвка и шап“

21.04.2018
АХВ домаќин на работилницата „Анализа на ризик и воспоставување на чекори на подготвеност за справување  со болеста лигвка и шап“

Агенцијата за храна и ветеринарство од 17 до 20 Април 2018 годна во Охрид беше домаќин на регионалната работилница „Анализа на ризик и воспоставување на чекори на подготвеност за справување со болести кај животните” која ја организира Европската Комисија за контрола на болеста лигавка и шап – ЕуФМД во рамки на компонентата 1.4 наменета за Балканот, од Работниот план на ова институција. На регионалната работилница, активно учество зедоа претставници на ветеринарните служби од соседна Србија, Косово, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија, Турција, Романија и од Молдавија кои разменија искуства и знаења за проценка и управување и комуникација со ризик при појава на оваа болест, во насока на унапредување на воспоставената соработка и креирање на ефикасна регионална платформа за справување со болеста лигавка и шап. Извршено беше мапирање на заедничките мерки за справување со болестите и комуникација со креаторите на политиките на национално ниво во насока на подготовка на итни планови за справување со болеста шап и лигавка во секоја земја од регионот поединечно. Вака креираните планови ќе бидат основа за брзо, регионално делување и координирање на активностите при евентуална појава на болеста во земјите од регионот.

Преку размена на искуства и знаења за анализа и проценка на ризик во мирни услови и во кризна состојба, идентификување на дирекните и индиректните патишта на внесување и пренесување на болеста со животни и производи од животинско потекло, учесниците на работилницата ги дефинираа носителите на процесот на контрола и искоренување на болеста, на национално и локално ниво и ги проучија принципите за подготвеност за справување со болеста лигавка и шап.
Република Северна Македонија, преку Агенцијата за храна и ветеринарство е членка на Европската Комисија за контрола на болеста лигавка и шап – ЕуФМД и остварува висока професионална соработка преку одржување на обуки, работилници и спроведување на симулациски вежби за епидемиологија, справување со кризни состојби или вршење на специфични лабораториски техники.
ЕуФМД ги координира активностите на земјите – членки во однос на воспоставената контрола и подготвеноста за справување со болеста Лигавка и шап, обезбедува надзор и информации за болеста, особено кога постои закана за Европа.
Комисијата подготвува упатства за многу аспекти за контрола на оваа болест (кои често се прифатени од страна на Европската комисија и Светската организација за здравствена заштита на животните - ОИЕ). ЕуФМД помага да се усогласат мерките за спречување на лигавката и шапот во цела Европа, а на земјите – членки им помага да се борат против болеста доколку таа се појави, преку организирање на кампањи за вакцинација во ризичните региони и дава совети за сите аспекти на превенција и контрола.


Категорија